Alma Dekovic
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ЛОНДОН
Антонио Конте денес ќе биде претставен како нов тренер на Тотенхем откако фудбалскиот клуб од Лондон вчера објави дека е отпуштен менаџерот Нуно Еспирито Санто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што јавува „Би-би-си“, управата на клубот разговарала со италијанскиот експерт во понеделникот откако Санто бил отпуштен по четири месеци седење на клупата.
Според пишувањето на медиумите, денес двете страни требале да потпишат договор на 18 месеци, по што Конте ќе го одработи првиот тренинг со новиот тим.
Италијанецот го напушти Интер во мај по само неколку месеци откако ја освои Серијата А.
Конте jа освои англиската Премиер лига и ФА купот со Челзи, но тој е отпуштен во јули 2018 година по разочарувачката втора година на клупата.
Конте беше тренер и на Јувентус во периодот од 2011 до 2014 година, со кого освои три титули во Серијата А, а ја предводеше и репрезентацијата на Италија од 2014 до 2016 година.