Oktaj Omeragik
06 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
СКОПЈЕ
Од 5 до 7 септември се одржува 5. коло од квалификациите за учество на Европското фудбалско првенство на национално ниво ЕУРО 2020, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари од 5. коло на квалификациите за ЕУРО 2020. Репрезентацијата на Северна Македонија дома се врати непоразена, играјќи нерешено 1:1 на гостинскиот терен на Израел. Првото полувреме заврши без погодоци, 0:0, а Еран Захави во 55. минута од натпреварот го доведе Израел во водство од 1:0. Репрезентацијата на Северна Македонија успеа да изедначи преку Аријан Адеми во 64. минута од средбата, што беше и конечниот резултат на натпреварот.
Резултати од синоќа одиграните средби:
Група Д
Ирска - Швајцарија 1:1
Гибралтар - Данска 0:6
Група Ф
Романија - Шпанија 1:2
Норвешка - Малта 2:0
Фарски Острови - Шведска 0:4
Група Г
Израел - Северна Македонија 1:1
Група Ј
Ерменија - Италија 1:3
Финска - Грција 1:0
БиХ - Лихтенштајн 5:0
Натпреварите од 5. коло на квалификациите на ЕУРО 2020 продолжуваат денеска и утре.
Денеска на програмата се средбите:
Група Ц
18:00 Естонија - Белорусија
20:45 Германија - Холандија
Група Е
20:45 Велс - Азербејџан
20:45 Словачка - Хрватска
Група Г
20:45 Словенија - Полска
20:45 Австрија - Летонија
Група И
18:00 Кипар (Грчки дел) - Казахстан
20:45 Шкотска - Русија
20:45 Сан Марино - Белгија
На 7 септември (сабота) се играат натпреварите:
Група А
15:00 Косово - Чешка
18:00 Англија - Бугарија
Група Б
18:00 Литванија - Украина
20:45 Србија - Португалија
Група Х
20:45 Исланд - Молдавија
20:45 Турција - Андора
20:45 Франција - Албанија