Hakan Çopur
07 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Специјалниот пратеник на САД за Сирија, Џејмс Џефри, во врска со ситуацијата во сирискиот град Идлиб, изјави дека состојбата е многу опасна и дека постојат голем број докази за подготовка на напад со хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Џефри, кој неодамна престојуваше во посета на Турција, Израел и Јордан, одговараше на прашањата на новинарите во Вашингтон, а во оваа пригода констатираше дека состојбата во сириски Идлиб е лоша.
„Состојбата во Идлиб е многу опасна. Постојат голем број докази за подготовка на напад со хемиско оружје (врз Идлиб)“, изјави Џефри.
Тој се осврна и на Башар ал Асад и изјави дека тој нема иднина како водач во Сирија. Џефри нагласи дека ослободувањето на Сирија од Асад „не е работа на САД“.
На прашањето на новинарот дали САД размислуваат за евентуално воздушен напад врз Идлиб, тој одговори:
„САД ќе останат во Сирија сѐ додека потполно не биде искоренета ДЕАШ, а за тоа ќе треба време.“ Тоа е, како што истакна, и мислење на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Џефри додаде дека дошло време за иднината на Сирија да се спроведе мировен процес во кој ќе бидат вклучени ОН и сојузниците. Според неговите зборови, нападот на Русија и режимот на Асад би бил „безобѕирно подигање на тензиите“.
Џефри од 1 до 4 септември престојуваше во Израел, Јордан и Турција.