Dilara Zengin
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот гигант за електронска трговија „Амазон“ соопшти дека во третиот квартал од оваа година Џеф Безос, основачот на „Амазон" ќе ја напушти врвната позиција (извршен директор) во компанијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Амазон" ја соопшти својата биланс состојба за последниот квартал од 2020 година.
Во соопштението во кое се наведува дека компанијата оваа година ќе го смени извршниот директор, се истакнува дека во третиот квартал од оваа година Џеф Безос, основачот на „Амазон", ќе ја напушти врвната позиција (извршен директор) во компанијата.
Исто така се додава дека Џеф Безос ќе продолжи со својата функција како претседател на управниот одбор на компанијата, а новиот извршен директор ќе биде Енди Џеси.
Меѓу другото во соопштението се споделени и финансиските резултати на компанијата за последниот квартал на 2020 година. Според тоа, кварталниот приход на „Амазон" за прв пат надмина 100 милијарди долари.
Продажбата на „Амазон" се зголеми за 44 проценти во четвртиот квартал на 2020 година во споредба со истиот квартал од претходната година, достигнувајќи 125,6 милијарди долари.
Исто така се забележува дека продажбата се зголемила во текот на целата 2020 година.
Во 2020 продажбата на Амазон се зголемила за 38 проценти во 2020 година во споредба со претходната година, достигнувајќи 386,1 милијарди долари.