Selçuk Acar
12 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) – Група Сики кои живеат во Њујорк протестираа пред седиштето на ОН, и упатија апел до Советот за безбедност на ОН за да ја спречи Индија да не го претвори Пенџаб во воено поле, јавува Anadolu Agency (AA).
Група Сики кои живеат во Њујорк и околината, протестираа пред седиштето на ОН за Советот за безбедност на ОН да ја спречи евентуалната војна меѓу нуклеарните сили Индија и Пакистан.
По информациите во јавноста, за тоа дека Индија во последните неколку недели воено се подготвува против Пакистан, како и дека цивилното население е принудено на евакуација, Сиките во својот антивоен протест побараа Индија да престане со окупацијата на Пенџаб, и да се организира референдум за оваа област во 2020 година.
Од транспарентите на демонстрантите, внимание привлекоа слоганите како: ’Поддржи го референдумот во 2020’, ’Прекин за индиската окупација’ и ’Спаси го Пенџаб’.
- „Народот во Кашмир и Пенџаб сака референдум“ -
Гурпатвант С. Панун, правен и политички консултант на групата ’Сиките за правда’, која го организираше протестот, во изјава за АА рече дека војната не е решение.
Информирајќи дека бараат референдум за Кашмир и за Пенџаб, како и признавање на сикизмот како религија, Панун рече: „Индија води воинствена и шовинистичка политика против Сиките во Пакистан уште од 1947 година“.
Верскиот центар на Сиките, Златниот храм, кој се наоѓа во Пенџаб, е од големо значење за Сиките, кои низ светот бројат околу 30 милиони.