Selçuk Acar
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, од американските федерални власти побара дополнителен буџет за трошоци за осигурување на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Блазио во писмото упатено до моменталниот американски претседател, Барак Обама, напиша дека му е потребен дополнителен буџет за трошоци за осигурување на Трамп Тауер, во чија близина често доаѓа до протести.
Градоначалникот Де Блазио во понеделникот истакна дека дополнителниот буџет е потребен за обезбедување на Трамп до 20 јануари 2017 година, кога би требало да се пресели во Белата куќа.
Бидејќи Трамп состаноците по изборите ги одржува во Трамп Тауер, на Менхетен, се зголемија трошоците на тајната служба и на полицискиот оддел на Њујорк (NYPD). Петтата авенија во која се наоѓаат луксузни продавници ќе биде затворена за сообраќај, што предизвикува пад на продажбата, а со тоа и незадоволство на трговците и сопствениците на продавниците. Од друга страна, постојат и такви што пронашле начин да ја искористат оваа ситуација. Така, агентите за недвижнини во рекламите нагласуваат дека клиентите добиваат „услуги на тајната служба“.
Претходно сопругата на Трамп, Меланија Трамп, истакна дека од Њујорк нема да се пресели во Белата куќа поради школувањето на 10-годишиот син Барон. Тоа ќе придонесе да се зголемат трошоците за осигурување на идното највлијателно американско семејство.