Furkan Naci Top
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АТИНА (АА) - Во главниот град на Грција, Атина, беше организирана комеморација и протестен марш по повод годишнината од смртта на 16-годишниот Александрос Григоропулос во 2008 година, кој загина од полициски куршум. На протестот настана тепачка меѓу полицијата и демонстрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
По протесниот марш, кој беше организиран од страна на различни ученички здруженија и лево ориентирани групи, во вечерните часови, група маскирани лица кои себеси се нарекуваат „анархисти“, почнале да фрлаат камења и молотови коктели. Полицијата реагирала со солзавец и шок бомби.
Според соопштение од полицијата, досега се приведени 23 лица, а за 4 лица е одредена казна притвор. Во соопштението се наведува дека еден полицаец е полесно повреден.
Во населбата Ексархија, протестантите ги блокираа улиците поставувајќи контејнери на патот. Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата беа запалени автомобили што се наоѓаа во околината на местото на случувањата, а беше предизвикана материјална штета и врз околните станбени објекти.
Поради протестите, улиците во центарот на градот до вечерните часови беа затворени за сообраќај. Се дознава за обезбедување биле ангажирани над 3.000 лица.
Од друга страна, во вториот град по големина во Грција, Солун, и во градот Хераклион на островот Крит, демонстрантите ги палеле кантите за ѓубре и фрлале молотови коктели врз полицијата. Се вели дека и во двата града е предизвикана материјална штета.
Ученикот Александрос Григоропулос почина на 6 декември 2008 година, кога во него пукале двајца грчки полицајци. По смртта на Григоропулос, во Атина имаше двонеделни протести, а животот во градот беше парализиран.
Еден од полицајците поради намерно отворање оган врз Григоропулос беше осуден на доживотна затворска казна, а пак вториот полицаец доби казна од 10 години затвор.