Islam Uddin
02 Март 2023•Ажурирај: 03 Март 2023
СЕУЛ (АА) - Генералот на јужнокорејската армија Ким Сеунг-кјум најави дека ќе воспостави воена состојба за комбинирани операции против зголемените закани од Северна Кореја, објавија локалните медиуми денес, пренесува Aнадолу.
Началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, генерал Ким, ги повика војниците да ја задржат својата способност „без грешка да ги нападнат непријателските критични објекти“, објави новинската агенција „Јонхап“, цитирајќи изјава од неговата канцеларија.
„Ким ја истакна важноста од искористување на способноста без грешка да се нападнат непријателските критични објекти и да се воспостави воена состојба на комбинирани операции за време на војната преку подобрување на интероперабилноста меѓу сојузниците преку реална обука за комбинирани специјални операции“, наведоа од Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.
Ким, исто така, зборуваше за зголемените закани од Северна Кореја и ги повика своите војници секогаш да се подготвeни да му нанесат критична штета на непријателот, се вели во соопштението.
Ким во понеделникот ги прегледа заедничките воени вежби на Јужна Кореја и американските специјални командоси во кои учествуваа воени авиони AC-130J и MC-130J. За прв пат во Кореја се користи американскиот авион AC-130J, опремен со тешко вооружување, со голем капацитет и способен за долг лет при копнени напади.
Тензиите на Корејскиот полуостров ескалираа кон крајот на минатата година кога Северна Кореја лансираше најмалку 60 проектили, а Јужна Кореја и САД одржаа заеднички воени вежби.