Şerife Çetin
02 Март 2023•Ажурирај: 03 Март 2023
ЊУЈОРК (АА) - Линда Томас Гринфилд, постојаната амбасадорка на САД во Обединетите нации (ОН) изјави дека е потребно да се спроведат реформи во Советот за безбедност на ОН и да се додадат повеќе постојани членки, известува Анадолу.
Одговарајќи на прашањата на седницата што ја организираше ресорниот пододбор на Комисија за доделување средства на Застапувачкиот дом, Гринфилд презентираше информации за работата на САД во ОН.
„Без водство на САД, земјите како што се Кина и Русија со своите авторитативни пристапи, се обидуваат да го обликуваат ОН и светот. Ние тоа нема да го дозволиме“, истакна Гринфилд.
Потсетувајќи на резолуцијата која ја повикува Русија веднаш да се повлече од Украина, која беше прифатена од страна на Генералното собрание на ОН со мнозинство гласови, Гринфилд рече: „Ја изолиравме Русија на светската сцена. Русија остана слаба и сама.“
Таа додаде дека работеле на отворање на граничните премини во Сирија со цел да го олеснат транспортот на хуманитарната помош во таа земја по разорните земјотреси кои ги потресоа Туркије и Сирија.
Гринфилд рече дека со вложување напори за решавање на меѓународните проблеми, САД работи ОН да ги направи поефикасни и да го зајакнат нивниот кредибилитет со зголемување на репрезентативната моќ.
„Петте постојани членки на Советот за безбедност се утврдени со Повелбата на ОН. Тоа не можеме да го смениме, но можеме да додадеме повеќе постојани и избрани членки“, порача Гринфилд.
Таа додаде дека води разговори со земјите-членки за потребните реформи околу вклучувањето на нови земји во Советот за безбедност на ОН.