Ekip
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК, во окупираните места во Сирија, основа нова странска формација од терористи, каде што се вклучени и терористи од ерменско потекло, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од локални извори, терористичката организација ЈПГ/ПКК, на годишнината од Ерменските настани во 1915 година, формирала таканаречен баталјон каде што има лица од ерменско потекло.
Организацијата ѝ го даде на формацијата името Нубар Озајан, кој е од ерменско потекло и загинал при судирите во редовите на ЈПГ/ПКК.
Во огласот за основање на таканаречениот баталјон соопшти дека имаат за цел да ја „Заштитат Рожава од Турција“.
Таканаречениот баталјон се состои од околу 90 луѓе, и ќе има активности во областите Камишли, Хасеке, Ресулајн и Амуде, кои се под контрола на ЈПГ/ПКК, и ќе биде распореден на турската граница во Тел Абјад, Ајнулараб и Ресулајн.
Формацијата ја дефинира терористичката организација АСАЛА како нивен „предвесник“.
За време на основачкиот состанок, видени се фотографиите на Левон Екмекчијан и Монте Мелконјан, кои учествувале во масакрите врз азербејџанските Турци и потоа спроведувале активности во терористичката АСАЛА. Имало фотографии и од Кеворк Чавуш и Адраник Озанјан, лица од ерменските банди во османлискиот период. На основачкиот состанок имало фотографии и на основачот на ТКП/МЛ ТИККО, Ибрахим Кајпакаја, и на Абдулах Оџалан.