Mahmoud Barakat
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК која добива поддршка од САД, го окупираше градот во сириската источна покраина Деир ез Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
По осум дена од судирите со терористичката група ДЕАШ, терористите на ЈПГ/ПКК синоќа успеаја да преземат контрола врз градот Ал-Сусах, велат изворите.
Во текот на последните недели, ЈПГ/ПКК го зазеде градот Хајн, главното упориште на ДЕАШ во Деир ез Зор, како и градовите АлбкКатер, Албухасан и Ал-Шаафа и Ал-Кашма.
Во меѓувреме, ДЕАШ презеде контрола над градот Ал-Багхуз и другите ненаселени области во Деир ез Зор и Хомс.
Според локалните извори, илјадници цивили се убиени во воздушните напади на коалицијата предводена од САД во областите кои се под контрола на ДЕАШ.