Maımaıtımıng Yılıxıatı
09 Јануари 2019•Ажурирај: 11 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката група ЈПГ/ПКК ги принудува сириските цивили да ги напуштат камповите кои се поставени источно од реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (АА).
Според податоците што ги добија репортерите на АА од локални извори во областа, ЈПГ/ПКК ги тероризира лицата кои престојуваат во бегалските кампови во руралните подрачја во сириската покраина Деир ез Зор.
Терористите на ЈПГ/ПКК ги обвинуваат бегалците дека се членови на терористичката група ДЕАШ, при што им се закануваат со смрт доколку не се преместат во подрачјето Ал Хоул на сириско-ирачката граница.
Инцидентите се случуваат во населените подрачја, како што се Aјн ал Араб, Тел Абјад, Ал Табка и Камишли, каде што повеќе од 70 отсто од популацијата се Арапи.
Откако ДЕАШ го изгуби своето влијание во источна Сирија, ЈПГ/ПКК спречи раселените Сиријци да се вратат во нивните домови, при што беа поттикнати обвинувања дека групата се обидува да го смени демократскиот состав на регионот.
Неодамнешен извештај на Федерацијата на сириски племиња и кланови објави дека околу 1,7 милиони луѓе во регионот биле раселени од терористите на ЈПГ/ПКК.