Safiye Karabacak
19 Февруари 2017•Ажурирај: 20 Февруари 2017
АДЕН (АА) - Владата на Јемен од Обединетите нации (ОН) побара Хусите да бидат ставени на листата на терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Постојаниот амбасадор на Јемен во ОН, Калид ел-Јемани, испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Во писмото наведува дека Иран финансира и обучува борци, пружа воена и стратешка поддршка и продолжува да праќа камиони со оружје и муниција, со што ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
Јемани вели дека Хусите и поддржувачите на соборениот лидер Али Абдула Салих вршат напади во кои гинат стотици лица, со кои е предизвикана голема штета на инфратруктурата, уништени се училишта и болници.
Поради овие наведени причини, тој бара од Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), Хусите да ги внесе во листата терористички организации.