Ekipa
03 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
САНА (АА) - Во епидемијата на колера во Јемен, од април животот го загубиле 1.560 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од 27 април се регистрирани 252.816 сомнителни случаи во 21 град во земјата, додека животот го загубиле 1.560 лица.
Во областа Хаџа, од епидемијата починаа 288 лица, а областа Иб е втора по ред според бројот на починатите од колерата, односно 216 лица.
Од друга страна, областа Сокотра е единствената во којашто нема регистриран случај на заразени од колера.
Канцеларијата на СЗО во Јемен претходно соопшти дека бројот на починатите во епидемијата на колера е 1.500.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе две години, како резултат на немањето пристап до чиста вода и несобирањето на отпадот, секој ден се изложени на висок ризик да заболат од колера.