Gülşen Topçu
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
АДЕН
Во Аден, кој е привремен главен град на Јемен, во месец мај, повеќе од 600 лица, меѓу кои и шестмина владини претставници, починаа како последица на заразни болести, јавува Агенција Анадолија (АА).
Владин претставник кој сакаше да остане анонимен, информира дена од 1 до 13 мај во Аден животот го загубиле 623 лица, меѓу кои и шестмина владини претставници. Се претпоставува дека смртта кај овие лица е последица на треската Чикунгуња и на пневмонична чума.
Вчера во Аден од последици на заразата животот го загубија уште двајца владини претставници, со што во текот на една недела 6 официјални лица ги загубија животите.
Минатата недела еден владин претставник информира дека во центарот на Аден од треската Чикунгуња починале 50 лица.
Власта во Јемен, на 11 мај, привремениот главен град Аден го прогласи за „подрачје на зарази“ поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и други заразни болести.
Се истакнува дека треската Чикунгуња и пневмоничната чума се последица на новонастанатите мочуришта и комарците од водената стихија која го поплави Аден на 21 април.
Симптоми на треската Чикунгуња која на луѓето ја пренеле комарците се температура, силна болка во зглобовите, главоболка, повраќање, слабост и осип по кожата.
Поројните дождови на 21 април во Аден предизвикаа поплави во кои животот го загубија 8 лица, од кои 5 деца, а голем број куќи делумно или во потполност беа урнати.