свет

Јапонскиот премиер го оствари првиот контакт со новиот претседател на Јужна Кореја

- Ишиба и Ли разговарале за можноста за нивна прва средба, при што јапонскиот премиер ја нагласил важноста на дијалогот и соработката како „партнери“ во справување со глобалните предизвици.

Amir Latif Arain  | 09.06.2025 - Обновена : 09.06.2025
Јапонскиот премиер го оствари првиот контакт со новиот претседател на Јужна Кореја

АНКАРА (АА) – Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денес телефонски разговараше со новоизбраниот претседател на Јужна Кореја, Ли Џе-мјонг, за билатералните односи меѓу двете земји, пренесе агенцијата со седиште во Токио, „Кјодо њуз“, повикувајќи се на анонимен владин извор, јавува Анадолу.

Ова беше првиот контакт меѓу двајцата лидери откако Ли ја презеде функцијата во средата.

Во веста се наведува дека Ишиба и Ли разговарале за можноста за нивна прва средба, при што јапонскиот премиер ја нагласил важноста на дијалогот и соработката како „партнери“ во справување со глобалните предизвици.

Ишиба треба да присуствува на самитот на Г7 што започнува в недела во Канада. Иако Јужна Кореја не е членка на Г7, Претседателскиот кабинет соопшти дека Ли ја прифатил поканата од Канада да учествува на мултилатералниот собир.

И покрај пречките поврзани со колонијалната власт на Јапонија врз Корејскиот Полуостров во периодот од 1910 до 1945 година, односите меѓу Токио и Сеул значително се подобрија за време на мандатот на претходниот претседател Јун Сук Јол, кој беше отстранет од функцијата во декември поради неуспешниот обид за воведување воена управа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın