Ahmet Furkan Mercan
05 Мај 2021•Ажурирај: 06 Мај 2021
ТОКИО (АА) - Популацијата на деца во Јапонија се намали на 11,9 отсто, односно на 14,93 милиони, со што е забележана најниската стапка регистрирана во последните 40 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени од страна на Министерството за внатрешни работи и комуникации на земјата, секоја година продолжува да се намалува популацијата на деца во земјата.
Популацијата на деца на 14 и под 14-годишна возраст во земјата заклучно со 1 април 2021 година изнесува 14,93 милиони.
Исто така, од 1982 година досега популацијата на деца секоја година забележува пад, додека оваа бројка минатата година се намали за 190.000 деца во споредба со претходната година.
Според податоците, во земјата има 7,65 милиони момчиња и 7,28 милиони девојчиња.
Стапката на деца во населението на Јапонија се намали на 11,9 отсто.
Бројот на деца на 2 и под 2-годишна возраст изнесува 2,65 милиони.