Sibel Morrow
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Јапонија планира постепено да ја намали зависноста од увозот на нафта од Русија, изјави денес министерот за трговија и индустрија Коичи Хагиуда, објави агенцијата „Тасс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коментарите на Хагиуда се случија откако земјите од Г7 во неделата рекоа дека зависноста од руските енергетски ресурси полека ќе се намалува за да се запре руската трговија со нафта.
„Сега не можеме да одбиеме да увеземе руска нафта, но подготвени сме постепено да ја елиминираме зависноста од руските енергетски ресурси, истовремено наоѓајќи алтернативни извори на снабдување“, рече Хагиуда.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида претходно изјави дека Јапонија има намера да им се придружи на другите земји од Г7 во нивната одлука да го запрат увозот на руска нафта.