Ali Cura
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека ја презеле контролата врз населбата Попасна во Украина и дека руската Армија стигнала до административната граница на градот Луганск, јавува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков даде изјава за активностите на руската Армија во војната во Украина.
Тој нагласи дека руските воздушни борбени тактички единици за една ноќ уништиле 16 области каде што се наоѓале украинските воени единици и технички возила.
Според него, во регионот на Миколаев уништени се 33 командни центри на ракетни и артилериски единици, областа каде што се наоѓаат 407 воени единици и технички возила и 5 магацини за муниција и гориво.
Конашенков нагласи дека руските воени единици и силите на таканаречената Луганска Народна Република ја презеле контролата врз населбата Попасна, и рече дека одбраната на украинските сили е длабоко разбиена и дека е достигната административната граница на Луганск.
Исто така, тој изјави дека како резултат на нападите уништени се 13 воено-технички возила, 12 автомобили користени за различни намени и речиси 120 украински војници.
Подвлекувајќи дека украинскиот авион „Су-25“ бил соборен во воздух во областа Харков вечерта на 9 мај, Конашенков додаде дека руските системи за противвоздушна одбрана исто така уништиле 3 беспилотни летала во околината на Доњецк и Одеса.
„До денес уништени се 163 авиони, 124 хеликоптери, 793 беспилотни летала, 300 ракетни системи за противвоздушна одбрана, 2.979 тенкови и оклопни возила, 351 ракетен фрлач, 1.440 хаубици и минофрлачи, 2.000 воени возила што припаѓаат на украинската Армија“, нагласи Конашенков.