Riyaz Khaliq Khaliq
23 Јануари 2023•Ажурирај: 24 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија испрати уште 237 генератори во Украина, земја која се соочува со сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија поради „уништувањето на голем дел од објектите на енергетската инфраструктура во руските напади“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Генераторите се испорачуваат во Украина од 14 јануари и треба да бидат предадени на компаниите за снабдување со електрична енергија, вода и гас и да се користат за обезбедување на енергетскиот сектор“, се вели во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи.
Јапонија испрати 25 генератори во декември, со што вкупниот број на испратени генератори се искачи на 262.
Ова е дел од поддршката на Јапонија за заштита на животите на луѓето во Украина.
„Јапонија ќе продолжи да дава поддршка и да стои покрај народот на Украина кој се соочува со тешкотии, во соработка со меѓународната заедница, вклучително и членките на Г7“, се вели во соопштението.