свет

Шумите покриваат 43 отсто од ЕУ

Шведска е земја меѓу земјите членки на ЕУ која поседува најголеми површини под шуми (30,5 милиони хектари), по која следуваат Шпанија (27,6 милиони хектари) и Финска (23 милиони хектари)

Şerife Çetin  | 21.03.2019 - Обновена : 23.03.2019
Шумите покриваат 43 отсто од ЕУ

БРИСЕЛ (АА) - Четириесет и три отсто од површината која ја зафаќаат земјите членки на Европската Унија е под шумска вегетација, пренесува Anadolu Agency (AA).

Стапката на површините користени за земјоделство изнесува 41 отсто.

- Најмногу шумски зони има во Шведска -

Шведска е земја меѓу земјите членки на ЕУ која поседува најголеми површини под шуми (30,5 милиони хектари), по која следуваат Шпанија (27,6 милиони хектари) и Финска (23 милиони хектари).

Овие земји сочинуваат 29,4 отсто од вкупните површини под шуми во ЕУ.

Според податоците на овој извештај, Турција поседува шумски површини од 21,9 милиони хектари.

Ако се споредува со 28-те земји членки на ЕУ, Турција со оваа стапка се наоѓа во четвртото место, додека зад себе ги остава земјите како Франција (17,6 милиони хектари), Норвешка (14,1 милион хектари), Германија (11,4 милиони хектари), Италија (11,1 милион хектари) и Полска (9,4 милиони хектари).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın