свет

Шпанија: Четворица романски мигранти загинаа во пожар што изби во Барселона

- Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, излегувајќи на местото на настанот, соопшти дека е информирана за мигрантското семејство бездомници сместено во зградата и дека им била обезбедена храна и социјална помош.

Şenhan Bolelli  | 30.11.2021 - Обновена : 01.12.2021
Шпанија: Четворица романски мигранти загинаа во пожар што изби во Барселона Фото: Архива / АА

МАДРИД 

Во пожар кој изби во станбен објект во Барселона загинаа четири лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зградата била засолниште за осум романски мигранти кои биле бездомници.

Меѓу загинатите има и двајца малолетници.

Од управата на градот Барселона и пожарникарските екипи наведено е дека дојавата за пожарот ја примиле во утринските часови.

Пожарот избувнал во зграда на плоштадот Тетуан во центарот на градот. Потврдено е дека загинале четири лица, а четворица се спасени со полесни повреди.

Се наведува дека осум мигранти од Романија живееле во приземјето на зградата во која некогаш била сместена филијала на банка.

Властите потврдија дека во несреќата загинале четири лица од исто семејство. Малолентните лица се деца на една и тригодишна возраст.

Пожарникарите соопштија дека се испитани сите можности за причините за пожарот, вклучително и подметнување пожар.

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, излегувајќи на местото на настанот, соопшти дека е информирана за мигрантското семејство бездомници сместено во зградата и дека им била обезбедена храна и социјална помош.

Ова е петти пожар во Барселона годинава кој заврши со смрт.

Во градот има околу 4.800 бездомници, од кои 1.064 живеат на улица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.