Erbil Başay
10 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц телефонски разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски, известува Агенција Анадолија (АА).
Крисин Хофман, заменик-портпарол на германската Влада, рече дека Шолц во текот на разговорот со Зеленски добил информации за ситуацијата во Украина и за преговарачкиот процес меѓу Украина и Русија.
Канцеларот Шолц ги осудил грозоморните воени злосторства што ги изврши руската Војска во Буча и другите места во Украина.
Шолц ја изразил германската солидарност и целосната поддршка за украинскиот народ.
„Сојузната држава, заедно со своите меѓународни партнери, ќе стори сè што е во нејзина моќ со цел да се обезбеди злосторствата во потполност да бидат разјаснети, а извршителите да бидат идентификувани и повикани на одговорност пред националните и меѓународните судови“, рекол Шолц, соопшти Хофман.
Се наведува дека Шолц и Зеленски разговарале за можноста за понатамошна поддршка на Украина, а договорено е дека ќе останат во близок контакт.