Ayhan Şimşek
06 Јуни 2024•Ажурирај: 07 Јуни 2024
БЕРЛИН (АА) - Германија планира да ги промени прописите за депортација на Авганистанците и Сиријците кои извршиле тешки злосторства, објави денес канцеларот Олаф Шолц, јавува Анадолу.
Обраќајќи се пред пратениците по нападот со нож минатата недела во кој загина полицаец, Шолц рече дека Германија нема да толерира верски екстремисти и криминалци кои ги искористуваат законите во земјата за заштита на бегалците.
„Таквите криминалци треба да бидат депортирани дури и ако доаѓаат од Сирија и Авганистан. Тука нема место за сериозни криминалци и терористи. Во такви случаи, безбедносните интереси на Германија ги надминуваат интересите за заштита на сторителите“, рече тој.
Шолц рече дека Министерството за внатрешни работи дејствува кон законски измени и практични чекори за да се дозволи депортација на авганистанските државјани кои извршиле терористички акти или сериозни злосторства во нивната матична земја.
„Нема повеќе да толерираме терористичките злосторства да се величат и слават. Ова е шлаканица за жртвите, нивните најблиски и нашиот демократски систем. Затоа ќе ги заостриме прописите за депортација“, изјави Шолц, додавајќи дека ќе бидат депортирани и оние кои го величаат тероризмот.