Atila Altuntaş
15 Февруари 2023•Ажурирај: 16 Февруари 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, истакна дека неговата земја ја споделува болката на Туркије поради земјотресите со епицентар во Кахраманмараш, и нагласи дека во Туркије и Сирија испратиле помош во вредност од околу 3,6 милиони долари, јавува Анадолу.
Билстром даде изјава за новинарот на АА пред сесијата за надворешни работи во шведскиот Парламент.
Тој нагласи дека Шведска е во солидарност со народот на Туркије и Сирија по настанатите земјотреси во овие подрачја, кои се опишани како „катастрофа на векот“.
„Ја споделуваме болката од катастрофата која се случи во Туркије“, рече Билстром, информирајќи дека неговата земја, покрај финансиската помош од околу 3,6 милиони долари, испратила и тим за пребарување и спасување во подрачјето.
„Ќе продолжиме да ѝ помагаме на Туркије и да правиме сѐ што можеме. На состанокот кој ќе се одржи под водство на Европската комисија во Брисел, ќе разговараме за економската и социјалната помош за Туркије и Сирија“, додаде тој.