Atila Altuntaş
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто, рече дека можат да се решат сите прашања што Турција ги постави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Хависто даде изјави за членството во НАТО во програмата што заеднички ја емитуваат Шведската државна телевизија СВТ (SVT) и Финската државна телевизија ЈЛЕ (YLE).
На прашањето дали Шведска и Финска нема да влезат во НАТО доколку не се исполнат барањата на Турција, Хависто рече: „Во саботата заедно со шведската министерка за надворешни работи, Ан Линд, разговаравме со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. Јас бев во Турција двапати. Претходно нашиот претседател оствари телефонски разговор со претседателот [Реџеп Таип] Ердоган. Мислам дека можеме да ги решиме сите проблеми што Турција ги постави.“
Хависто истакна дека поради приговорите на Турција, периодот за пристапување на Финска и Шведска во НАТО може да биде продолжен.