Derya Gülnaz Özcan
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
АТИНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, истакна дека Турција ја гледаат меѓу земјите кои Украина ги сака да бидат гаранти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кулеба се сретна со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу во Лавов, со цел да разговараат за руско-украинската војна.
Шефот на украинската дипломатија во изјава за медиумите пред средбата изрази задоволство од активната улога која Турција ја зазеде за време на украинската криза.
Потсетувајќи дека Чавушоглу по Москва го посетил Киев, Кулеба рече дека во последните денови бил во близок контакт со Чавушоглу.

Кулеба нагласи дека од почетокот на војната Турција покажала принципиелен став и дека со нетрпение чекаат да соработуваат со Турција во насока на постигнување мир.
Украинскиот министер упати благодарност до Чавушоглу поради неговите лични напори во оваа насока.
„Вашата решителност, храброст и Вашата лична посета докажуваат дека Турција е активен играч“, додаде Кулеба.
На прес-конференцијата по состанокот со Чавушоглу, Кулеба истакна дека се подготвени за какви било напори со цел ставање крај на војната.
Тој рече дека Украина ги поздравува напорите за Турција за посредство.
Што се однесува на тоа што министрите за надворешни работи на Русија и Украина се состанале во рамки на Дипломатскиот форум во Анталија, Кулеба рече: „Министерот за надворешни работи, Чавушоглу, успеа нешто што министрите за надворешни работи на другите земји не можеа да го направат.“
Кулеба нагласи дека понатамошните активности ќе бидат со фокус на состанокот на лидерите на Украина и Русија.
„Подготвени за каков било напор за ставање крај на нападите на Русија врз нашата земја и за тоа да се обезбеди повлекувањето на руските трупи“, рече Кулеба.
Тој истакна дека Украина ќе вложи напор во тоа веднаш да се стави крај на војната, и дека текстот на договорот кој се состои од 15 члена и беше објавен на медиумите, на кој Турција беше посочена како земја гарант, всушност е документ кој се состои од барањата на Русија.
Кулеба рече дека овој текст не треба да се коментира како текст чии членови се прифатени од страна на Украина
„Пред почетокот на војната, Украина покажа иницијатива во врска со одржување самит со учество на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Турција и Германија. Преку развивање на оваа иницијатива, нормално дека Турција ја гледаме меѓу земјите кои сакаме да бидат гаранти. Турција е земја која поседува многу голем авторитет и репутација, земја која го обезбедува балансот на стабилноста во регионот на Црното Море“, нагласи Кулеба.
Украинскиот министер подвлече дека Украина има потреба од мултилатерален договор и дека се обидуваат да евакуираат што е можно повеќе од Мариупол, но дека проблемот не е од украинската страна, туку е поврзан со Русија.