Шефот на МААЕ очекува преговори од поширок опсег меѓу САД и Иран во Пакистан
„Овој пат на маса ќе бидат и ракетите, милициите сојузници на Исламската Република, како и безбедносните гаранции за Иран“
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денес изјави дека очекува Соединетите Американски Држави (САД) и Иран овој викенд да одржат преговори во Исламабад, Пакистан, додавајќи дека се очекува тие да имаат поширок опсег, пренесува Анадолу.
Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, Гроси истакна дека се очекува во преговорите да бидат опфатени темите за ракетни системи, милициите поврзани со Иран и безбедносните гаранции за Техеран.
„Овој пат на маса ќе бидат и ракетите, милициите сојузници на Исламската Република, како и безбедносните гаранции за Иран“, рече тој.
Гроси нагласи дека е можно привремено решение, истакнувајќи дека тоа не треба да биде воено.
„Постојат алтернативни дипломатски планови кои би овозможиле решение според кое во овој момент не би имало натамошно збогатување (на ураниум), бидејќи политичката, воената и состојбата со меѓусебната доверба не го дозволуваат тоа; а во принцип, прашањето повторно би се разгледало за пет или десет години“, додаде тој.
САД и Израел вршат воздушни напади врз Иран од 28 февруари, при што досега се убиени над 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени капацитети, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
