Elena Teslova
20 Мај 2023•Ажурирај: 21 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Шефот на парамилитарната група Вагнер, Јевгениј Пригожин, изјави дека денес презеле потполна контрола над украинскиот град Бахмут, жариштето на најдолгата борба во војната што се води во Украина, известува Анадолу.
Во видеото објавено на социјалната мрежа Телеграм, Пригожин вели дека градот во потполност е заземен околу пладне по локално време.
Пригожин изјави и дека операцијата, која ја нарече „Бахмут, мелница за месо“, започнала на 8 октомври минатата година и траела 224 дена.
„Руската војска не беше дел од оваа операција“, рече шефот на Вагнер.
Украинските власти сѐ уште не ги коментираа тврдењата на Пригожин.
Руските сили веќе со месеци се обидуваат да го освојат Бахмут, транспортен и логистички центар на украинскиот регион Донецк, кој е дел од регионот Донбас во кој главно се зборува руски.