Gökhan Kavak
30 Декември 2022•Ажурирај: 01 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Шест лица загинаа во сообраќајка во која учествуваа два патнички автобуси во источноафриканската земја Уганда, известува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, два патнички автобуси се судриле изутринава на патот Нтунгамо-Кабале на југот од земјата.
Во несреќата животот го загубиле шест лица, а има и голем број повредени.
Повредените се префрлени во здравствените центри во областите Рукига и Нтунгамо.
Властите стравуваат од можноста за зголемување на бројот на починати.