Qais Omar Darwesh Omar
28 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
ТУБАС
Шестмина Палестинци се повредени, a тројца други се приведени во израелската рација во окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Судирите избија кога израелските сили спроведоа рација во градот Тубас во северниот дел на Западниот Брег за да приведат тројца Палестинци, велат локалните жителите.
Израелските сили употребиле солзавец, куршуми обложени со гума и боева муниција за да ги разбркаат гневните Палестинци.
Еден од повредените е во критична состојба, изјавија медицински извори во владината турска болница во градот Тубас.
Израелската армија често спроведува широки кампањи за приведување низ окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим под изговор дека трага по „барани“ Палестинци.