Eşref Musa,Dilara Karataş
15 Декември 2024•Ажурирај: 16 Декември 2024
ДАМАСК (АА) - Во експлозија на нагазна мина во Хама, Сирија загинаа шест лица, од кои три деца, известува Анадолу.
Во соопштението на сириската цивилна одбрана, позната како Бели шлемови, се вели дека мина експлодирала вчера во селото Рухеја во Хама, град на брегот на реката Оронтес во западна Сирија.
Во експлозијата животот го загубиле шест лица од исто семејство, од кои три се деца.
Тимовите продолжуваат со деминирање низ ослободените територии по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.
Башар ал Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт во Сирија од 1963 година.