Ekipa
17 Ноември 2022•Ажурирај: 17 Ноември 2022
ЛОНДОН (АА) – Шведскиот Риксдаг гласаше за уставниот амандман за измена на Законот за антитероризам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Законодавниот дом ги усвои законските измени со 270 гласа „за“ наспроти 37 гласа „против“.
Новиот закон ќе даде поголема можност за ограничување на слободата на здружување на групи вклучени во тероризам - клучното барање на Туркије за да ја одобри кандидатурата на Стокхолм за членство во НАТО.
Промените ќе овозможат предлагање и одлучување за закони кои забрануваат терористички групи или учество во кривично дело на терористичка група.
Партијата на левицата и Партијата на зелените се спротивставија на Нацрт-законот.
Амандманот го поплочува патот за полесно кривично процесуирање на припадниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ или други терористички групи.
Тој, исто така, ќе овозможи оние кои објавуваат информации што им наштетуваат на односите на Шведска со друга држава или со меѓународни организации да бидат под истрага од страна на Шведската агенција за разузнавање, што може да доведе до затворска казна од четири години.
Амандманот ќе стапи на сила од 1 јануари.