Atila Altuntaş
10 Јуни 2022•Ажурирај: 13 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде, истакна дека целта на Шведска во однос на апликацијата за членство во НАТО е да продолжат напред со конструктивен пристап во однос на резервите на Туркије (Турција), јавува Агенција Анадолија (АА).
Линде пред шведскиот Парламент ја претстави својата програма за надворешна политика.
Осврнувајќи се на тековните преговори со Туркије за НАТО, Линде рече: „Членството на Шведска во НАТО, исто така, ќе придонесе за безбедноста на Туркије. Нашата цел е да продолжиме напред со конструктивен пристап во однос на резервите на Туркије. Ќе дејствуваме заедно со истомислениците во борбата против тероризмот.“
Нагласувајќи дека го осудува и тероризмот, Линде рече дека новиот закон за тероризам ќе стапи на сила на 1 јули и дека законот е заострен.
Линде, исто така, додаде дека Шведска може да ги промени условите за извоз на оружје во рамките на членството во НАТО.
- Критики за Линде во врска со договорот со Какабавех, пратеничката која е поддржувач на терористичката организација ЈПГ/ПКК
Пратеникот на Демохристијанската партија, Микаел Оскарсон, исто така, ја критикуваше Линде, потсетувајќи на договорот што го потпишаа со независната пратеничка Аминех Какбавех, за поддршка на ПКК/ЈПГ.
Оскарсон на Линде ѝ го постави следното прашање: „Како ќе продолжите да преговарате со Туркије кога договорот со „дивата политичарка“ Какабавех и вашата партија Социјалдемократи сѐ уште постои?“
Линде, како одговор на Оскарсон рече дека нарекувањето на Каквабех „дива политичарка“ е понижувачко, дека се противи на тоа и дека преговараат со Туркије за да се дојде до решение.