Atila Altuntaş
30 Ноември 2022•Ажурирај: 01 Декември 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, истакна дека е постигнат напредок во преговорите со Туркије за НАТО и дека наскоро ќе допатува во Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Билстром во изјава за државната телевизија СВТ говореше за неговата средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Букурешт, Романија.
„Постигнат е напредок во преговорите за НАТО. Тоа го потврдија и моите колеги со кои вчера се сретнав во Букурешт. Наскоро ќе допатувам во Туркије и ќе се сретнам со министерот за надворешни работи, Чавушоглу. Таму ќе имаме можност да разговараме за повеќе теми. Со нетрпение ја чекам оваа средба“, рече Билстром.
Шведскиот министер за надворешни работи рече дека не знае кога Туркије ќе го ратификува членството на Шведска во НАТО.
Истакнувајќи дека не знае кога Туркије ќе го одобри членството на Шведска во НАТО, Билстром рече: „Би било погрешно укажување на конкретен временски период, но сепак, по она што се постигна на вчерашниот состанок во Букурешт во обезбедувањето напредок, можно е турскиот Парламент да дојде до точка на ратификација на членството на Шведска во НАТО.“