Atila Altuntaş
31 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Притворен е напаѓачот кој го изврши нападот со нож на еден полицаец во шведскиот главен град, Стокхолм, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Полициската дирекција во Стокхолм, Андерс Брингелсон, соопшти дека во попладневите часови еден полицаец е нападнат со нож при рутинска контрола во населбата Медборгарплатсен.
Брингелсон пренесе дека напаѓачот е приведен, а повредениот полицаец е на лекување.
Полицијата сѐ уште не даде информација за идентитетот и националноста на напаѓачот.