Atila Altuntaş
06 Март 2021•Ажурирај: 07 Март 2021
СТОКХОЛМ
Во Стокхолм, главниот град на Шведска, одржан е протест поради мерките преземени со цел спречување на ширењето на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Стокхолм група која се нарекува „Милениум" сакаше да ги отстрани не така ригорозните мерки воведени поради коронавирусот.
Стотици луѓе собрани на подрачјето Медбаргарепластен во Стокхолм, не осврнувајќи се на социјална дистанца, тврдеа дека се ограничени слободни луѓе.
Активистите, кои извикуваа пароли против вакцинацијата, тврдат дека владата дозволи експерименти на луѓето со непознати вакцини.
Доаѓаше и до напнатост помеѓу полицијата и демонстрантите, а приведени се 15 луѓе кои се спротивставуваа на полицијата.
Демонстрантите, кои потоа маршираа, носеа натписи кои критикуваа стопирање на продажба на алкохолните пијалоци во рестораните по 20 часот и присилно затворање на рестораните во 20:30.
Бројот на луѓето кои починаа во земјата со 10 милиони жители од последиците на заразувањето со коронавирусот, се зголеми на 13.003.
Бројот на позитивни на Ковид-19 од почетокот на пандемијата достигна 684.961.