Zehra Ulucak
23 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
САНТИЈАГО
Во Сантијаго, главниот град на Чиле, шестмина бразилски туристи починаа од труење со гас карбонмоноксид во апартманот во кој престојувале, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот службеник Родриго Сото информираше дека еден од бразилските туристи ја побарал бразилската амбасада во Сантијаго, соопштувајќи дека не се чувствува добро, по што полицијата се упатила во шесткатницата во која се наоѓале туристите. Сото изјави дека кога полицијата влегла во станот, ги пронашла безживотните тела на 4 возрасни лица и 2 деца.
Противпожарните екипи соопштија дека во станот во кој биле затворени прозорците и вратите, имало големо количество на гасот карбонмоноксид.
Започната е истрага за откривање на изворот на гасот карбонмоноксид во просторијата.
Во овој период од годината, во Чиле е есен, а синоќа, во раните утрински часови, во главниот град Сантијаго температурата изнесувала 0 степени Целзиусови.