Gökhan Ergöçün
03 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - „Околу 25 отсто од вкупното население на Европската Унија (ЕУ), сметано до крајот на 2017 година, го сочинуваат лица што се соочуваат со траен инвалидитет“, објави денес Канцеларијата за статистика на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Евростат, оваа популација почувствувала помали, но и поголеми ограничувања во извршувањето на секојдневните активности во период од шест месеци или подолго.
„Во земјите членки на ЕУ во 2017 година најниската стапка на траен инвалидитет е регистирана во Малта (12 отсто) и Шведска (13 отсто), додека највисоката во Латвија (41 отсто), Словенија (36 отсто) и Естонија (35 отсто).
Според Евростат, жените со траен инвалидитет сочинуваат 27 отсто, додека 22 отсто се мажи.
Меѓународниот ден на лицата со попреченост од 1992 година придонесува во голема мера за подигањето на свеста за проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост.
Светската банка соопшти дека 1 милијарда луѓе, 15 отсто од светската популација, се соочуваат со одреден степен на попреченост.
Според Светската банка, лошата исхрана, недостатокот на едукација и здравствена нега, постоењето небезбедни работни услови, загадувањето на животната средина и недостатокот од чиста вода и санитарни услови се важни причинители за инвалидитет.
„Инвалидитетот може да го зголеми ризикот од сиромаштија, преку недоволните можности за вработување и образование, ниските плати и порастот на животните трошоци на лицата со попреченост“, велат оттаму.