Yeşim Sert Karaaslan
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) Омер Челик упати критики на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон кој неодамна изнесе неколку критики во врска со турската операција „Извор на мирот", јавува Агенција Анадолија (АА).
Истакна дека на Макрон треба да му се постави прашањето што неговата земја работи во Мали и во другите африкански земји.
„На Макрон треба да му се постави прашањето: Што вие правите во Мали или што правите во другите земји во Африка? За што служат операциите кои ги спроведовте без резолуција на Обединетите нации", рече Челик пред новинарите по состанокот на Извршниот одбор на партијата во Анкара.
Потсетуваме, Макрон на прес-конференција кон крајот на ноември рече дека во потполност ја разбира загриженоста на сојузникот Турција на полето на безбедноста и додаде:
„Соочени се со голем број терористички напади. Паралелно со тоа, невозможно е да се спроведува некаква воена операција која претставува закана по коалицијата против ДЕАШ а истовремено да се очекува единство и поддршка."
Челик исто така рече дека на состанокот е разговарано и за прашањата во секторот на енергетиката, напоменувајќи дека Турција во последните години направи многу во однос на прашањето на заштита на околината, а посебно за пошумувањето.
Истакна дека Турција ќе продолжи со борбата против тероризмот и повторно упти поддршка на мајките кои мирно протестираат пред седиштето на Народната демократска партија (ХДП) во Дијарбакир, а кои бараат да им се вратат децата кои се однесени во терористички кампови на ПКК.