свет

Чавушоглу повика ЕУ да ги почне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија

„Ние бараме итен почеток на пристапните преговори со Тирана и Скопје“, рече Чавушоглу, повикувајќи отворање на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ.

Hatice Özdemir Tosun  | 17.06.2021 - Обновена : 18.06.2021
Чавушоглу повика ЕУ да ги почне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија

АНТАЛИЈА

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска ја нагласи важноста за интеграција на земјите од Југоисточна Европа, вклучувајќи ги земјите од Балканот, во евроатлантските институции, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на состанокот на министри за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈЕ), одржан во медитеранскиот турски град Анталија, Чавушоглу изјави: „Зајакнувањето на перспективите за членство во ЕУ на членките на ПСЈЕ е наша заедничка цел.“

„ЕУ може да стане глобален актер само кога сите земји од Југоисточна Европа ќе станат членки на Блокот“, рече Чавушоглу.

„Ние бараме итен почеток на пристапните преговори со Тирана и Скопје“, рече тој, повикувајќи отворање на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ.

Годинашната средба во рамките на претседателството на Турција ја одбележа и 25-годишнината од воспоставувањето на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

„Пред 23 години, кога за првпат го презедовме претседателството на овој процес, одржавме самит во Анталија“, се присети Чавушоглу.

„Ние, за првпат на самитот во Анталија разговаравме за Повелбата на добрососедските односи, која е основен документ на ПСЈЕ“, изјави тој, додавајќи: „Оттогаш, поминавме долг пат да ги реализираме нашите заеднички цели.“

„Денес постои Југоисточна Европа која бара решенија за проблемите преку дијалог.“

Чавушоглу рече дека ПСЈЕ, кој е најинклузивен форум во регионот, станал платформа што може да ги зближи земјите од регионот дури и во најтешките времиња.

„[ПСЈЕ] ни дозволи да разговараме за нашите проблеми лице во лице без да ни требаат други“, додаде тој.

ПСЈЕ ги обединува Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Грција, Хрватска, Молдавија и Црна Гора и е „симбол на заедничката волја на земјите од регионот за подобрување на соработката меѓу себе и носење трајна стабилност во Југоисточна Европа“, според Министерството за надворешни работи на Турција. Следното претседателство на ПСЈЕ ќе го преземе Грција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна рано утринава во Анталија да присуствува на Самитот и Форумот за дипломатија во Анталија утре по официјалната посета на Азербејџан.

Првата дама Емине Ердоган е исто така во придружба на претседателот.

На Самитот на ПСЈЕ ќе се дискутира за последните случувања во регионот.

„Ќе зборуваме за економијата и целите на развојот во следните 10 години за нашиот регион“, рече Чавушоглу на прес-конференција во средата, додавајќи дека ќе се разговара и за стратешки документ за 2030 година.

Форумот за дипломатија во Анталија ќе се одржи од Министерството за надворешни работи на Турција под тема „Иновативна дипломатија: Нова ера, нови пристапи“ од 18 до 20 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın