Nazlı Yüzbaşıoğlu
13 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
АНКАРА (AA) - „Оние што историјата ја користат во политички цели се кукавици кои не сакаат да се соочат со вистината“, порача турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, коментирајќи го усвојувањето на резолуцијата во американскиот Сенат со која ерменските настани од 1915 година се признаваат како „геноцид“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Одлуката на американскиот Сенат е политичка демонстрација. Нема правна сила и вредност. Оние што историјата ја користат во политички цели се кукавици кои не сакаат да се соочат со вистината“, изјави Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер.
Американскиот Сенат ја усвои резолуцијата со која ерменските настани од 1915 година ги признава како „геноцид“.
Предог-резолуцијата ја претставија сенаторот на Демократската Држава Њу Џерси, Боб Менендез, и републиканскиот сенатор од Тексас, Тед Круз.
Сенатот на Конгресот на САД, што го предводат републиканците, вчера ја усвои резолуцијата со која настаните со Ерменците на почетокот на 20 век се признаваат како „геноцид“.