Bayram Altuğ
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека конечната цел на Турција е да има еден денуклеаризиран свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу имаше свое обраќање на Конференцијата за разоружувања во Обединетите нации (ОН) во швајцарскиот град Женева.
„Разоружувањето, спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје, како и контролата на оружјето имаа критично значење за глобалната безбедност и мир“, рече Чавушоглу, нагласувајќи дека Турција во својот регион се соочува со бројни ризици и закани.
„Војната во Сирија веќе влегува во 9-та година. Во исто време, водиме борба против терористички организации како ДЕАШ, ПКК/ПЈД, и ФЕТО“, додаде тој.
Чавушоглу истакна дека Конференцијата за разоружување е основана пред 40 години во период кога глобалната безбедност се соочила со бројни предизвици, и дека оваа конференција е уникатна платформа за разговарање за прашањата околу оружјата за масовно уништување.
Според него, целта за еден свет без нуклеарно оружје може да се реализира само со успешното и глобално спроведување на Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT).
Чавушоглу рече дека конечната цел на Турција е да има еден денуклеаризиран свет.
Укажувајќи на важноста на мултилатерализмот, Чавушоглу упати апел до земјите членки на Конференцијата, со една конструктивна соработка да придонесат во активностите за разоружување.