Faruk Zorlu
08 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, се состана со неговиот лаошки колега Салумксај Комасито, во главниот град на Лаошката Народна Демократска Република (Лаос), јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот Чавушоглу ја нагласи важноста на турската Амбасада во Лаос за билатералните односи, која е отворена во главниот град Виентијан вчера.
Чавушоглу, кој во моментот се наоѓа во дводневна официјална посета на главниот град Виентијан, е првиот министер за надворешни работи од Турција кој го посетил Лаос.
Чавушоглу, исто така изрази сочувство до лаошкиот народ за поплавите кои ја погодија земјата во текот на летото.
Многу домаќинства и села во Лаос се оштетени од поплавите и свлечиштата кои се случија во август.