Ekipa
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
АНКАРА/ХАГ (AA) - Холандија одби да ги поправи односите со Турција и официјално го повлече својот амбасадор кој беше спречен да се врати во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за надворешни работи на Холандија соопшти дека официјално го повлече својот амбасадор, по кризата што почна со блокирањето на состанокот на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и министерката за семејство и социјална политика на Турција, Фатма Бетул Сајан Каја, со турските граѓани во Холандија за референдумот во март 2017 година.
Според информациите добиени од дипломатски извори, Турција по кризата ѝ постави неколку услови на холандската страна за да ја поправи ситуацијата. Меѓутоа, Холандија не ги презеде очекуваните чекори за нормализирање на односите.
Се дознава дека холандската Влада ја донела оваа одлука за повлекување на својот амбасадор од Турција, бидејќи постоечкиот проблем меѓу двете земји не можел да се реши.
Дипломатски извори потсетија дека за време на ерупцијата на кризата, турската страна ги информирале своите холндски колеги дека на амбасадор Кис Корнелис Ван Риј му е забрането враќањето во Анкара.
Од друга страна, холандскиот министер за надворешни работи Халбе Зајлстра, во својата писмена изјава наведе дека спроведените разговори за решавање на дипломатските проблеми помеѓу Холандија и Турција во последниве години не резултирале позитивно.
Холандската Влада ја откажа дозволата за слетување на авионот на Чавушоглу за време на референдумот за уставни измени во Турција, каде што министерот планираше да одржи говор пред турските државјани во Холандија.
На 11 март 2017 година, холандските власти, исто така, не дозволија министерката Каја да влезе во турскиот Конзулат во Ротердам и ја принудија да оди во Германија со полициска придружба.
Безбедносните сили на Холандија интервенираа врз илјадниците турски граѓани кои дојдоа да ја поддржат турската министерка Каја, користејќи полициски кучиња и полициска коњица.
Најмалку 7 лица беа повредени, а 12 приведени во полициското насилство врз турските граѓани коишто чекаа пред Генералниот конзулат во Ротердам.
По настаните, Турција му забрани влез на холандскиот амбасадор во Анкара.
Дипломатските претставништва на двете земји се раководени од полномошни дипломати-заменици.