Halit Süleyman
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
ИДЛИБ (АА) - Еден воен хеликоптер на силите на режимот во Сирија, во градот Серакаб, близу Идлиб фрлил барелна бомба со „хлорен гас". Од гасот 10 лица имале проблеми со дишните патишта, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од одговорните во полската болница во Серакаб, еден воен хеликоптер, на југоистокот од Идлиб, во градот Серакаб кој е под контрола на опозициските сили, фрлил барелна бомба која содржела хлорен гас.
Од фрлената бомба проблеми со дишните патишта имале 10 лица, меѓу кои имало бебе и деца.
Заматен вид, повраќање и недостаток на воздух се дел од нарушувањата предизвикани кај овие лица, кои се под третман во полската болница во Серакаб.