Ayhan Şimşek
13 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, денес пред клучниот Самит на ЕУ изјави дека Германија сака да избегне какви било проблеми во врска со Договорот за Брегзит и рече дека Велика Британија не може да биде пребирлива во врска со Договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мора да сториме сѐ што е можно за да се избегнат проблеми во врска со Брегзит. Но треба да биде јасно: Повлекување, значи повлекување. Нема да има пребирање во врска со тоа“, напиша Хеико Мас на социјалната мрежа Твитер.
Тој ги даде неговите забелешки пред состанокот на лидерите на ЕУ со британската премиерка Тереза Меј, на кој се очекува Меј да бара нови отстапки во врска со Договорот за Брегзит, откако го „преживеа“ гласањето за недоверба.
Мас ја отфрли можноста за повторно преговарање за Нацрт-договорот за повлекување, склучен во ноември, нарекувајќи го „фер компромис“, по долгите разговори меѓу Велика Британија и ЕУ.
Во понеделникот, Меј го соопшти одложувањето на овонеделното гласање за Брегзит во Долниот дом на британскиот Парламент, признавајќи дека Договорот би бил отфрлен со значително мнозинство.
Нејзиниот портпарол подоцна изјави дека гласањето ќе се одржи пред 21 јануари.