свет

Хаменеи: „Иран нема да преговара со САД на кое било ниво“

„Доколку САД го повлечат зборот, се покаат и се вратат на нуклеарниот договор кој го прекршија, во тој случај тие можат да учествуваат во преговори...“

Mustafa Melih Ahıshalı  | 17.09.2019 - Обновена : 18.09.2019
Хаменеи: „Иран нема да преговара со САД на кое било ниво“

ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот верски поглавар, ајатолахот Али Хаменеи, порача дека неговата земја нема да преговара со Соединетите Американски Држави (САД) на кое било ниво, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Сите службени лица во земјата, од претседател до министер за надворешни работи, порачаа дека ќе бидат единствени и дека со САД нема да одржат ниту билатерални, ниту средби на ниво на делегација“, изјави Хаменеи во Техеран, јавува иранската агенција ИРНА.

Тој нагласи дека американскиот претседател, Доналд Трамп, на опозицијата во неговата земја и на европските земји настојува да им докаже дека максималниот притисок е единствен начин за водење борба против Иран.

Според Хаменеи, во случај Иран да седне на маса со САД, тоа би значело дека го наведнува вратот пред притисоците на Вашингтон, и поради тоа нема да го стори тоа.

„Доколку САД го повлечат зборот, се покаат и се вратат на нуклеарниот договор кој го прекршија, во тој случај тие можат да учествуваат во преговори со други земји. Инаку, нема да има преговори меѓу иранските и американските претставници во Њујорк или на кое било друго место“, заклучи Хаменеи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın