Хамас согласен за формирање „независна администрација на технократи“ што ќе управува со Газа
„Хамас сè уште чека одговор од Израел на предлогот изнесен од медијаторите на 18 август, кој беше прифатен од групата“

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинската група Хамас денес соопшти дека се согласила за формирање независна национална администрација составена од технократи за управување со Појасот Газа, пренесува Анадолу.
„Хамас сè уште чека одговор од Израел на предлогот изнесен од медијаторите на 18 август, кој беше прифатен од групата“, се додава во соопштението.
Хамас повтори дека е подготвен да постигне сеопфатен договор „што би вклучил ослободување на сите израелски заробеници во замена за договорен број палестински затвореници што се држат во израелските затвори, ставање крај на војната во Газа, повлекување на сите окупаторски сили, отворање на премините за да се овозможи влез на сите потребни залихи во Појасот и започнување на процесот на обнова“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.