Eshat Fırat
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ГАЗА (АА) - Палестинското движење на отпорот Хамас утринава соопшти дека го распуштил Управниот совет во Газа и дека е подготвен на преговори за помирување на палестинските движења, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишано соопштение на Хамас се наведува дека Управниот совет во Газа бил распуштен во согласност со иницијативата на Египет за надминување на проблематичните поделби во Палестина.
Хамас порача дека владата на Палестина може веднаш да ја преземе власта во Газа, дека можат да се организираат избори во тој појас и дека се подготвени на дијалог со ривалското движење Фатах.
Од Хамас исто така повикуват сите палестински групи да се вклучат во процесот на внатрепалестинскиот дијалог и да формираат влада на национално единство.
Управниот совет на Хамас во Газа е формиран во март оваа година и не беше признат од Владата на Палестина.